Курс за спелеологија, с,Карлуково, Бугарија
Во периодот од 31 август до 09 септември тројца наши спелеолози, Караташов Диме и Петковски Бојан од И.Д. Урсус Спелеос Скопје и Темовски Марјан од П.С.К. Златоврв Прилеп учествуваа на курс за техничко усовршување во с.Карлуково, Р.Бугарија. Курсот беше во организација на Бугарската Спелеолошка Федерација и се состоеше од три поединечни курсови и тоа: курс за техничко усовршување, курс за кртирање и научни методи и курс за инструктори.
од приемниот испит вежби за движење по парапет
За време на курсот беа посетени пештерите Свирчовица, Рушевата и Саева дупка (туристички уредена пештера) и пропастите Крста, Партизанска и Банковица, а беше посетена и првата via feratta во Бугарија - Ледницата. Тројцата наши претставници успешно го завршија курсот за што добија и дипломи од Бугарската Спелеолошка Федерација
вежби за прифаќање на повреден движење по жичара
Via Feratta Ледницата Заедно со инструкторите Иван и Орлин
Види - Фото албум "Карлуково 2007 "
