За СФМ
Спелолошката Федерација на Македонија (СФМ) е непрофитабилна оранизација која е задолжена да се грижи за спелеолошките објекти во РепубликаМакедонија и карстот воопшто. Таа во себе ги обединува спелеолошките дрштва на Република Македонија, координирајќи ја нивната работа.

СФМ претставува асоцијативна членка на Федерацијата на Планинарски Спортови наМакедонија(ФПСМ), а нејзината работа финансиски е поддржана од Агенцијата за Млади и Спорт при Владата на Република Македонија
Основни цели на СФМ се:
- целосно истражување и систематизирање на спелеолошките објекти воРепублика Македонија
- заштита на спелеолошките објекти и живиот свет во нив
- туристичко уредување на спелеолошките објекти
- унапредување на спелеолошките активности во Република Македонија
- промоција на спелеологијата во Република Македонија
