Пропасти
Пропаст (Јама) претставува вертикален или приближно вертикален канал во карстните терени чија длабочина е поголема од ширината. Настануваат со наизменично делување на хемиската и механичката ерозија. Нивнитете канали можат да бидат широки од неколку десетина сантиметри до неколку десетина метри и длабоки преку 1000 метри.
Во зависност од формата на каналот пропастите се делат на бунарести, инчести, ѕвонести, ѕвекари, скалести и бездни.
- бунареста пропаст – пропаст чии страни се скоро вертикални
- инчеста пропаст – пропаст која во длабочина постепено се стеснува
- ѕвонеста пропаст – пропаст која од отворот кон дното постепено се проширува
- ѕвекара – плитка пропаст која на дното завршува со мала сала; името го добила по тоа што при пад на камен ствараат голема бука (ѕвекаат)
- скалеста пропаст –пропаст во која наизменично се сменуваат вертикални и пократки хоризонтални канали.
- бездна – претставува едноставна пропаст со значителна длабочина во која не се гледа дното и не се слуша падот на фрлениот предмет.
Според начинот на настанување пропастите се делат на корозивни (карстни), понорски, сифонски, тектонски и сурнати пропасти.
-
корозивна пропаст – формирана претежно со корозија на атмосферската вода; може да настане и со концентрирано понирање на водата при поројни дождови или со корозивно дејство на водата снжница и сочница.
-
понорска пропаст – пропаст која се наоѓа или е формирана на место каде понира некој површински водотек.
-
сифонска пропаст – пропаст која имала или сеуште има функција на излезен сифонски канал, односно пропаст од која на површината под хидростатички притисок избива вода.
-
тектонска пропаст – настаната на место на вертикална тектонска пукнатина, која многу малку е изменета под дејство на егзогените агенси; оваа припаст не е карактеристична само за карбонатните терени
-
сурната пропаст – пропаст која настанала со сурнување на таваницата на некоја подземна шупнатина.
Според составот пропастите се делат на суви, водени, снежни, мразни и кристални.
-
сува пропаст – најчест тип на пропаст, во која нема постојано и периодично присуство на вода.
-
водена пропаст – пропаст во која има постојано или периодично присуство на вода
-
снежна пропаст (снежница) – пропаст во која се акумулира снежна маса и поради слабата воздушна циркулација се задржува во текот на целата година; доколку снегот потполно се стопи тоа е периодична снежница
-
мразна пропаст – пропаст која во текот на целата година во најдолните делови има негативни температури, па водата овде замрзнува и се создава мразна маса.
-
кристалеста пропаст – пропаст богата со кристалести украси (сталактити, сталагмити, сливови и др.)
