Спелеологијата во Македонија
Иако карбонатните карпи, кои се основа за формирање на пештери и пропасти, на територијата на Македонија зафаќаат мал простор, околу 10 %, сепак на нив се формирале занчителен број на спелеолошки објекти. До денес се истражени околу 300 објекти, но се претпоставува дека вкупниот број на пештери и пропасти во Македонија изнесува над 500.

Сепак за периодот од околу 80 години, за колку постојат спелеолошките истражувања во Македонија, со оглед и на општествените прилики во кои се наоѓала нашата држава, спелеологијата кај нас сеуште не е на вистинското потребно ниво, односно сеуште се развива. Носител на овој развој, во последните дваесетина години е Спелеолошката Федерација на Македонија.
